Трамп размислува за вонредна состојба пред ураганот Харви (видео)

Ураганот Харви се приближува кон Тексас и во секој момент може да удри во големата сојузна американска држава и да ја разори. Ветрот со брзина од 210 километри на час носи се пред себе, па научниците го катагоризираат како 3 степен и го споредија со Катерина од 2005 година.



Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за прогласување на елементарна непогода уште пред Харви да дојде до големите населени места, а сите, па и Гувернерот на Тексас, Грег Абот се убедени дека доаѓањето на ураганот е вистинска катастрофа. За сега освен диви животни ослободени од своите чувари се уште нема опасност, но водената маса се зголемува од минута во минута.

Видеото од првите налети на копното го потврдуваат и оправдуваат стравот дека Харви може да биде ураган што ќе нанесе многу штета во Тексас.

https://youtu.be/g5KnnDWXbQU