Панос Каменос, лидерот на „Независни Грци“, помалиот коалиционен партнер во грчката влада, вчера на Твитер, се изјасни дека митингот ја покажа душата на грчкиот народ.
„Единството на Грците не може да биде оцрнето од крајност, денешниот митинг беше душата на грчките независни партии што никој не може да не ја почитува“, е ставот на Каменос.
Тој го поддржува и верува во министерот за надворешни работи Никос Коѕиас да ги заврши преговорите за сложено име, но во исто време шефот на „Независни Грци“ не прифаќа употреба на термин „Македонија“ во идното име на ПЈРМ.
Театарот на апсурдот во владата очигледно продолжува, констатира „Capital.gr“.
Се разбира, ги слушаме граѓаните во нивните барања, но прашањата на надворешната политика се многу сериозни за да се решат на плоштадите. Ќе продолжиме да го искористиме позитивниот импулс за решавање на ова прашање со нашиот сосед.
На ова се сведува реакцијата на владата на преиерот Алексис Ципрас по вчерашнит митинг за одбрана на името Македонија што се одржа на плоштадот Синтагма во Атина.
Отворена е „дебата“ колкаво беше присуството – 140.000 или 1,5 милиони луѓе – но, ставот од кабинетот на Ципрас е дека „толпата не беше способна да предизвика ‘земјотрес’ и да ги измени владините планови, како што очекувале организаторите, но и опозициската Неа демократија, пишуваат грчки медиуми.





