Автомобилот е пронајден во Гази Баба и има белгиски регистарски таблички.



Полицијата продолжува да врши увид на лице место на убиството, во кое неофицијално е убиен адвокат.

Полициски хеликоптер е вклучен и трага по убиецот кај Гази Баба, дознава ТВ21.

ТВ21 ексклузивно објавува фотографија од автомобилот и местото каде е пронајдено.

 

Ова е второ убиство за помалку од 24 часа во Скопје. Синоќа при пукање во Сингелиќ убиено беше едно лице.

На терен во моментов се голем број на полициски екипи и амбулантно возило, а местото е оградено со полициска лента.