ТВ 21: Собрание на АА на Таравари на 6.7.2025, дали ќе ја напуштат Вреди на локалните? Се исклучува коалиција со ДУИ

„Крилото на Арбен Таравари во Алијансата за Албанците, ќе одржи собрание утре, на 6 април со почеток во 13 часот во Гостивар. Од таму соопштија дека работата на Собранието ќе биде затворена за медиумите.“ – објави ТВ 21 во веста со наслов „Таравари ќе ја собере утре партијата во Гостивар! Дали АА ќе ја напушти Вреди на локалните избори?“.

Натаму телевизијата истакнува: АА на Таравари искажува несогласувања околу настапот на коалицијата Вреди на локалните избори. За разлика од другите партии во Вреди АА на Таравари смета дека на изборите партиите треба да излезат со посебни листи за општински советници. Таравари изјави дека ако не излезат заедно со Вреди на локални избори, тогаш сами ќе настапат, со што ја исклучи можноста за коалицирање со ДУИ.