ТВ 21: Покрај Албанска академија, коалицијата Вреди во програмата предвидува формирање и Албанска банка

„Идејата претставена од коалицијата Вреди за формирање Албанска академија во * Македонија предизвика многубројни реакции. Но, програмата на коалицијата Вреди предвидува формирање и Албанска банка. Ова е критикувано од дел од аналитичарите во емисијата Клик Плус. Каква ситуација не очекува?“ – објави ТВ 21.

ТВ 21 пишува: Некои од аналитичарите велат дека ова е поради немање идеи. Емир Хасановиќ од Институтот за стратегиски дијалог и координатор за Западен Балкан прашува: Има ли некоја банка, која е албанска?

Новинарот вели: Во програмата на Коалицијата Вреди ја има! Ако имаме критики за Албанската академија, што ќе се случи со Албанската банка?

Фатон Халили постдипломец од Куманово на магистерски студии по бизнис во Штуловиот универзитет, истакнува: Во неволја сме како Албанци. Некои прашања се поставуваат вo државни рамки, во рамки на граѓанството, некои прашања настојуваме да ги поделиме меѓу Албанците и Македонците. Ние, Албанците немаме идеи.