„Во време кога Алијансата за Албанците, предводена од Арбен Таравари, постојано изразува подготвеност за соработка со сите партии за кандидати за градоначалници на локалните избори, не исклучувајќи ја ниту ДУИ, функционер на АА изразува поинакво мислење. Преку фејсбук Арбен Фетаи порача дека ‘ќе се најде начин да се ослободат албанските општини од ДУИ’.“ – објави ТВ 21.
Телевизијата истакнува: „Јас сè уште верувам. Верувам дека Алијансата за Албанците ќе остане верна на својот пат – патот на Арбер, на достоинство и храброст. Верувам дека со заедничка волја можеме да ја најдеме формулата за ослободување на секоја албанска општина од лошото управување на ДУИ. Ова е нашата мисија. Нападите и ударите под појасот не придонесуваат за оваа мисија. Ќе продолжам да се борам за оваа мисија, без да ги навредувам оние, со кои донесовме промени, без да се поклонувам.“ – наведува Арбен Фетаи на фејсбук.
Запрашан дали Арбен Фетаи сега стои зад Арбен Таравари, или избира поинаков пат, Блерант Рамадани од АА одговара: „До овој момент јас имам информации дека Фетаи е вицепремиер, избран од Собранието на АА, и оти тој продолжува да ги координира нашите активности. Секое различно мислење е мислење, за кое немаме намера да воведуваме диктатура, ниту да забрануваме истапувања, особено не на нивните лични профили на општествените мрежи“ .
Генералниот секретар на АА Рамадани смета оти Арбен Фетаи е на линија со АА, која, според него, во ниеден момент не се согласила со неправилностите на претходната влада, напротив, тие ги критикувале. „Но сега имаме нов момент: ние сме дел од владата и ја презедовме одговорноста. Граѓаните очекуваат од нас повеќе практична работа, отколку критика. Да, Билал Касами вели дека АА на власт нема долго да трае.“ – посочува Рамадани од АА.
Но, од друга страна Билал Касами од Вреди напомнува: „Ќе видиме до кога…уште некој ден.“
Позициите на Арбен Фетаи вo Вреди се сметаат како “глас поинаков од постапките на Арбен Таравари“. „Се надеваме дека овој поинаков глас ќе биде силен и би сакале AА да продолжи да биде дел од коалицијата ВРЕДИ, дел од Владата, но во никој случај со елементи, кои соработувале и продолжуваат да соработуваат со Али Ахмети и ДУИ.“ – додава Билал Касами од Вреди.
„На последниот состанок на Претседателството на AА Арбен Фетаи беше овластен од партијата да најде начин на соработка со ВРЕДИ, без да ги вклучи листите на кандидати за општински советници.“ – изјави во емисијата „Дејли Клик“ генералниот секретар на AА Блерант Рамадани. Од АА очекуваат дека на следниот состанок Фетаи ќе ги информира како се одвивале комуникациите и дали постои можност за меѓусебна поддршка за градоначалниците. – објави ТВ 21.






