ТВ Клан.мк: ДУИ и АА го искажуваат својот цврст став за одбрана на албанскиот јазик

„Акцијата ‘Стража за албанскиот јазик’ собра пред Уставниот суд во Скопје високи функционери на Демократската унија за интеграција и на Алијансата за Албанците, за да го искажат својот цврст став за заштита на албанскиот јазик.“ – објави ТВ Клан Македонија во својата фотовест со наслов „Функционерите на ДУИ и Алијансата за Албанците заедно во одбрана“, поткрепена со соодветна заедничка фотографија на функционерите од овие две албански партии.



Натаму телевизијата објави: „Двете најголеми партии, кои се дел од коалицијата „Европски трон“ со голем број граѓани се сместија во шатори, за да изразат поддршка за законот за јазиците, кој во среда ќе го разгледува Уставниот суд. Европскиот фронт вчера на прес-конференција соопшти дека ќе го брани законот за јазици со 24-часовна стража пред Уставниот суд.“

„Седницата на Уставниот суд за разгледување на оспорените членови од Законот за јазиците е закажана за в среда. Засега двајцата албански судии Осман Кадриу и Насер Ајдари најавија дека ќе ја бојкотираат седницата.“