„Не се против интегрирањето во ЕУ ниту ВМРО ДПМНЕ, ниту коалицијата ‘Вреди’ и тоа може да биде добра основа за решавање каков било ќорсокак во идното коалицирање меѓу нив. Ова мислење го изнесе новинарката Катарина Синадиновска во емисијата ‘200’.“ – објави ТВ Алсат.
ТВ Алсат пишува: Синадиновска го посочува овој свој став во контекст на оценките дека албанските партии, заради идните коалицирања, ќе бараат уставни промени, бугарската заедница да биде внесена во Уставот.
Новинарот Сефер Тахири во емисијата „200“ на ТВ Алсат нагласи дека после 9 мај ќе започне нова политичка историја во земјата.





