Твојот компас за иднина: Како кариерниот советник и коучот можат да ти помогнат да ја најдеш својата патека

Во динамичниот свет на денешницата, професиите како што се кариерниот советник и коучот стануваат сѐ поактуелни и побарани. Замислете си карта без патека. Изгубени сте и не знаете каде да одите. Кариерниот советник и коучот се како ваши лични навигатори, кои ќе ви помогнат да ја најдете својата идеална дестинација – својата сонувана кариера.



Кариерниот советник е експерт кој нуди насоки и поддршка во изборот на професионалниот пат, помагајќи им на младите да ги дефинираат своите интересирања, способности и цели. Современата улога на коучот, пак, е пофокусирана на личниот и професионалниот развој, со акцент на развој различни вештини. Додека кариерниот советник ви помага да се разберете себеси, своите интересиинтересирања и вештини и да го изберетенајдобриот професионален пат, коучот ве води во процесот на личен развој, помагајќи ви да ги остваритесвоите цели и да ги надминете своите ограничувања. Кариерниот советник е како компас, а коучот е како ментор кој ве води на патувањето.

Дали се прашувате која професија е вистинската за вас? Дали се чувствувате изгубено во морето од опции? Кариерниот советник може да ви помогне да ги идентификувате своите силни страни и да ги поврзете со потенцијалните кариерни патеки. А коучот може да ве научи како да се претставите на интервју, како да изградите силна мрежа на контакти и како да се справитесо стресот на работното место.

Кариерниот советник и коучот треба да имаат силно развиени меки вештини, како што се:

Емпатија и разбирање: И двете улоги бараат длабока емпатија за да можат да ги разберат потребите и целите на клиентите. Советникот треба да биде добар слушател, додека коучот треба да ја разбере индивидуалната мотивација и да помогне во откривањето на личнитепатеки на клиентот.

Адаптибилност и флексибилност: Успешен кариерен советник мора да биде подготвен да се адаптира на различни ситуации и клиенти, додека коучот треба да може да се прилагоди на променливите потреби и цели на клиентот со текот на времето.

Клучни придобивки од ангажирање на Кариерен советник или Коуч

Со почетокот на новата учебна година, како за матурантите така и за новите бруцоши, ова е вистински момент за разговор со кариерен советник или коуч за полесно донесување на информирани одлуки и креирање на јасен план и цели за претстојната учебна година и блиската иднина. Ангажирањето на кариерен советник или коуч нуди неколку значајни придобивки за личниот развој и кариерата:

Поддршка во поставување и постигнување на цели: Со помош на коучот или советникот, младите луѓе можат јасно да ги дефинираат своите цели, да ги планираат своите активности и да се насочат кон постигнување на успех во кариерата.

Развој на меки вештини: Кариерниот советник и коучот помагаат во развојот на важни меки вештини како што се комуникацијата, лидерството и управувањето со времето, кои се клучни за успешна кариера и личен развој.

Зголемена самосвест и адаптибилност: Со редовни сесии, клиентите стекнуваат подобро разбирање на своите силни страни, мотивации и се подготвуваат за прилагодување на новите предизвици и трендови во професионалниот свет.

Инвестирајте во себе и во својата иднина. Со помош на кариерен советник и коуч, ќе ја отворите вратата кон светли перспективи и ќе го изградите животот за кој секогаш сте сонувале.

Во рамки на Еразмус+ проектот “Ready to Start,” јасно се објаснети улогите на кариерниот советник и коучот кои стануваат сè поважни за поддршка и развој на младите во нивниот пат кон професионален успех. Иако овие две професии делат заедничка цел – да помогнат во градењето на успешна кариера, тие се разликуваат во пристапот, методите и личните карактеристики што ги поседуваат.


Еразмус+ проектот “Ready to Start”, кој е резултат од соработката помеѓу организации од Полска и С. Македонија, има за цел да развие нови дијагностички и едукативни алатки кои ќе им помогнат на кариерните советници и наставници да ги водат младите во професионалниот развој и избор на кариера и е кофинансиран од Европската унија. Повеќе детали како и материјали може да најдете на www.feriplatform.org.pl

Пишува: Катерина Златановска Попова