Поддржувачите на гигантот од Камп Ноу не беа одушевени од ангажманот на Паулињо уште кога тој пред пет дена за 40 милиони евра дојде од Кина. Кога фановите на каталонската гордост ќе го видат Твитер обраќањето на Бразилецот од пред 4 години веројатно ќе побеснат.

Паулињо во 2013. години во време на одигрување на големото шпанско дерби напишал, ако е се точно, многу вулгарни зборови, кои сами ќе треба да ги преведете, а притоа јасно ја покажал својата симпатија кон Реал Мадрид. Точно, не точно, на халфот му престои тежок период на докажување во Барса и пред нејзините навивачи.




