Тајсон, сепак, му попуштил на Пол? (ВИДЕО)

Тајсон заработи 20 милиони долари за најсрамниот пораз во кариерата.



Со денови се шпекулира дека бокс-мечот помеѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол бил инсцениран.

Пол, интернет ѕвезда која стана професионален боксер во 2020 година, но главно имаше егзибициски мечеви, минатиот викенд го победи поранешниот светски шампион со едногласна одлука на судиите.

Сепак, со денови во јавноста се истакнуваше дека „Челичниот Мајк“ го пушти Пол, а сега на социјалните мрежи се појави видео кое покажува колку 58-годишниот навистина „се трудел“ да не му даде на својот ривал фатален удар.

Имено, поранешниот најмлад шампион во историјата и своевремено најзлобниот боксер на светот се воздржуваше да го удри јутјуберот, судејќи по краткиот клип објавен на мрежата „Х“.

Тајсон направи финта со левата рака, на која Пол наседна, оставајќи ја целата лева страна на лицето откриена.

Тоа беше одлична можност за Тајсон да го нокаутира со десната рака, но во последен момент се воздржа и ја спушти раката.

Не е чудно што на социјалните мрежи има бројни коментари од фановите кои се убедени дека „спектаклот“ бил наместен.

Нивната борба привлече повеќе од 70.000 гледачи на стадионот Далас Каубојс, а милиони фанови на боксот платија за да ја гледаат борбата на Нетфликс.

На крајот, Пол победи со значително повеќе удари во текот на осум рунди од две минути и заработи 40 милиони долари.