Косовскиот претседател Хашим Тачи вели дека формирањето на Специјален суд за претпоставени злосторства од страна на поранешните високи офицери на Ослободителната војска на Косово е „историска неправда кон Косово и ОВК“.
„Реално, она што го мислев во 2015 година го мислам и денес. Специјалниот суд е историска неправда против Косово и ОВК”, рече косовскиот претседател
Тој во интервјуто за ТВ „Клан Косова“, изјави дека верува дека не згрешил го прифатил формирањето на Судот пред година и пол, бидејќи беше под притисок од меѓународната а инако во спротивното би биле преземени драстични мерки кон Косово.
„Нема суд кој може да ја повреди или навреди мојата војна за слобода и независност на земјата. Тоа беше меѓународна принуда, а второ ветување беше дека Косово ќе оди кон брзо формирање на Армија на Косово, визна либерализација, членство во УНЕСКО, Интерпол… барање за Советот на Европа.“
Но, тие ветувања не се оствариле, вели Тачи.
Околу настаните во петокот и саботата кога 43 пратеници поднесоа барање за промена – укинување на Законот за Специјалниот суд во парламентот, Тачи вели дека тој како претседател на Косово не смее да блокира иницијатива од пратеници.
„Улогата на претседателот е да го почитува Уставот“ и додаде дека одлуката на парламентот за него е обврзувачка.
Ниту оние што го потпишаа, ниту оние што не го сторија тоа, никој не треба да ја етикетира оваа иницијатива”, додаде тој и рече дека иницијативата на 43 пратеници за Специјалниот суд била „погрешно протолкувана“.






