Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, вели дека интеграцискиот процес за Македонија е генералниот имунитет на оваа држава.
„Ако не постои интеграцискиот процес, ние сме на милиметар од растурање на оваа држава. Немој некој да се лаже дека ние Албанците сме задоволни од оваа ситуација“, рече Тачи во емисијата „Трилинг“ .
Ние во интегративниот процес тапкаме во место, оцени тој
„Ми сметаше последното политичко позиционирање на македонската опозиција, во врска со речникот, мислам на ВМРО-ДПМНЕ, Левица. Тој речник ме потсетува на деведесетите. Рејтинзите покажуваат дека тие се можни победници, ако се победници, да не се договараат со победникот кај албанскиот победнички кампус. Тоа е опасна ситуација“, вели Тачи на Трилинг.






