„Лидерот на ДПА Мендух Тачи призна во емисијата ‘Клан дебата’ на ТВ Клан Македонија дека Европскиот фронт не може да се повикува на легитимитетот на Албанците, бидејќи имале гласови од други етнички групи.“ – пренесува информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.
„Алфакс“ ја цитира изјавата, што ја даде Мендух Тачи во овој контекст: „Европскиот фронт победи на изборите, но тој доби мешани гласови, како гласови на Турци, Бошњаци, Роми и други. Затоа, не може да се повикува на легитимитетот на Албанците.“





