Тачи: Гарантирам дека Талат ќе биде премиер уште 2 години! Ова е битка меѓу Албанците и продолжената рака на Русија!

„Ви гарантирам дека Талат Џафери ќе биде премиер на државата уште две години! Ова не е битка меѓу нас и нив, туку е битка меѓу Албанците и продолжената рака на Русија! По 24 април ВМРО ДПМНЕ ќе го смени пристапот, но ќе биде доцна!“ – изјави со воинствен тон лидерот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи при денешното потпишување на договорот за Европскиот фронт во Домот на културата во Тетово. Ова го објави ТВ Клан Македонија.



Лидерите на ДУИ Али Ахмети, на партијата на народот Скендер Реџеши – Зејд, на Европската демократска партија Аријанит Хоџа и на ДПА Мендух Тачи ден го потпишаа договорот за создавање на Европскиот фронт, што претставува идеја и иницијатива на Ахмети и ДУИ.