„Интервенцијата на косовскиот премиер Албин Курти на изборите во во * Македонија внесе напнатост во ситуацијата меѓу тамошните Албанци. Тоа интервенирање на Курти не ги обединува албанските страни, туку ги поделува.“ – изјави лидерот на ДПА Мендух Тачи за Еуроњуз Албанија.
Еуроњуз Албанија пишува:Тачи додаде и дека Курти интервенира во Р*М, за да го пренасочи вниманието од капиталните неуспеси, што тој ги има во својата политика во Косово. „Напнатоста се зголеми многу, поради настаните од минатата година, интервенцијата на Русија во Украина и обидот на Русија да ја покаже својата сила на Балканот. Кон зголемување на напнатоста во ситуацијата околу изборите во Р*М придонесе и директното интервенирање на Албин Курти. Ситуацијата беше напната кај Македонците, а сега е и кај Албанците. Нема политичка причина за неговата интервенција, причината е лична.“ – посочува Тачи.
Потоа тој нагласува: „Не сум чул од Курти, ниту од групацијата, која го поддржува, дали тие имаат некаква платформа, што ја поддржуваат. Интервенирањето на Курти внесува поделба меѓу Албанците во Македонија, тој не ги обединува албанските страни, туку влегува со цел да ги подели. Опозицијата, која тој ја поддржува, има минимални шанси, за да му конкурира на Европскиот фронт.“
„Нивната надеж е дека, македонската опозиција, која има националистичка програма, што не предвидува промена на уставот и што го блокира евроинтегративниот процес, ќе ги земе како стар износен партал во заедничкото владеење. Нивната понуда не е добра за иднината на Албанците. Ова е измама и на Курти. Курти брутално интервенира во изборите во * Македонија, за да го пренасочи вниманието на јавноста од неговите капитални неуспеси во политиката во Косово.“ – изјави лидерот на ДПА Мендух Тачи.





