Лидерот на ДПА и пратеник Мендух Тачи синоќа изјави дека тој бил главен преговарач во разговорите меѓу Европскиот фронт со ВМРО-ДПМНЕ за евентуална коалициска Влада, па дури му понудиле да биде и претседател на Собранието.
„Јас бев главен преговарач на Фронтот кога отидовме на разговори со ВМРО-ДПМНЕ за оваа влада. Тема на средбата беа уставните измени и евроинтеграциите.
ВМРО-ДПМНЕ ми понуди да станам претседател на Собранието. Тогаш на последната средба ми рекоа, можеш ли да се согласиш претседателот на Парламентот да биде Македонец?
Ја кажаа приказната и средбата заврши“, изјави Тачи во гостување на „Клан Македонија“.






