Татјана Алексиќ: Сите да тагуваме и да се молиме

Татјана Алексиќ, професорката по македонски јазик и литература во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ со кратка и моќна порака во овие тешки денови за Македонија.



Господ да им даде сила на најблиските на починатите, физички да ја издржат болката. Душите им прегореа од мака, им изгореа со саканите. Живи луѓе со мртви души. Да тихуваме и да се молиме за сите нив. Повредените да закрепнуваат, преживеаните да зајакнуваат. Достоинствено да тагуваме, поинаку и не се може со скршени срца… напиша таа на својот фејсбук профил.

Професорката која секогаш е гласана на голем број општествени теми, претходно упати порака и до политичките чинители во земјава.

Дури и за време на војни судири, непријателите молчат додека телата на загинатите не се упокојат…Барем седум дена молчете и работете конкретно за решавање на повеќедецениските проблеми со корупцијата. Ова не е прашање на политика и политички партии туку на криминалци. Како имате сила да повикате прес-конференција за политички поени? – праша таа јавно.