Таткото не може ни да ги гледа осомничените за убиството на неговата ќерка

Александар Ѓорчевски, татко на убиената 14 годишна ќерка Вања, на денешното сведочење во судот рече дека ниту ги познава, ниту додека траат рочиштата можам да ги гледам, претежно мижам, затворени ми се очите, ниту тука можам да ги гледам“.



Прашан од неговиот бранител, адвокатот Владимир Туфегџиќ, „дали денеска се чувствува подготвен и согласен да даде исказ пред судот“, Ѓорчевски рече дека „чувствува обврска, пред се заради Вања“.

Низ солзи рече дека одново и одново, на секое рочиште слуша што му правеле на неговото дете.

„Кој имал задача да ја грабне и да ја врзува, ја трескале по гепеци, ја ставале во вреќи, психички ѝ вршеле тортури, се обидувале да ги замачкаат доказите како и за првото убиство на велешанецот Панче и да успееле во тоа Господ знае уште колку убиства и киднапирања ќе спровеле#.

За себе рече дека смета дека дал голем придонес во истрагата во која како соучесници беа контактите на Гоце Трајковски од полиција и од Сејф Сити.

„Ќе повторам, ако не беа фатени, ако не беа сопрени, не приметив дека кај нив има вина и покајание и дека ќе престанеле со планираните дејствија, изјави Ѓорчевски.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Обвинети за убиствата се Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.