Со сведочење на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски денеска продолжува судењето за убиството на Вања и Панче Жежвски денеска во Основниот Кривичен суд Скопје
Бранителот на Ѓорчевски во изјава за медиуми по судењето рече дека Ѓорчевски успеал да го долови неоснованото обвинение против него, а истовремено допрел и до застапникот на обвинението. Туфегџиќ ја нагласи тортурата вршена врз неговиот клиент, истакнувајќи дека Александар бил воздржан во своите изјави.
Денеска Ѓорчевски ќе биде испрашуван од обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитровска.
„Застапничките на обвинението Крстевска Јосифовска и Стојковиќ Димитровска досега не презентираа ниту вербални, ниту материјални докази за она за што го товарат Александар како петтообвинет – дека на првообвинетиот Љупчо Павлески Палчо му оддал информација кога неговата ќерка оди сама кон училиштето, без сестра ѝ, за да може да биде грабната, со цел за неа да се бара откуп од член на семејството“ – пишува Плусинфо.
„Пријателите и членовите на семејството на Александар во детаљи раскажуваа како тој ја барал Вања и како со помош на кумашинот Гоце Трајковски пред полицијата го решил случајот. И тројцата обвинети што досега дадоа исказ, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, сведочеа дека Александар е невин и никогаш не слушнале или разбрале дека Палчо комуницира со таткото. Сите тројца рекоа дека биле присилени да го вмешаат Александар во случајот поради силниот ќотек што го добиле во полициската станица „Пролет“ и во притворот во Шуто Оризари.
Против Александар сведочеа само инспекторите Дејан Димовски и Музафер Каришиќ, кои ја воделе полициската истрага по исчезнувањето на Вања. Тие не посочија некакви конкретни дејствија што ги извршил Александар, а тие ги утврдиле, туку рекоа дека им бил сомнителен затоа што бил уверен дека Вања е киднапирана, па убиена. Но, од друга страна токму за тие инспектори, Димовски и Каришиќ, како и за инспектор со име Кире, Александар рече дека го тепале во полициската станица за да му изнудат признание“, поттсетува Плусинфо.
Таткото не може ни да ги гледа осомничените за убиството на неговата ќерка





