За утре во 12 часот е загажана сеницата на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на која што треба да се расправа за барањата за притвор за шест пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Комисијата треба да одлучи дали ќе им биде одземен пратеничкиот имунитет за а се спроведе бараната мерка притвор за Јохан Тарчуловски, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Жаклина Пешевска и на пратеникот од Социјалистичката партија Љупчо Димовски.
Интересно е што член на Комисијата за мандатно-имунитентни прашање се и Јохан Тарчуловски и Крсто Мукоски..
Собранискиот спикер вчера изјави дека бил прекршен деловникот зашто пратеници не можат да бидат апсени и приведувани додека имаат претенички имунитет. Тој вечерва ги доставил барањата од Јавното обвинителство до претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Павле Богоевски.
Богоевски ги известил членовите на Комисијата дека закажал Комисија, како и пратениците акои се однесуват барањата.
По извештајот на Комисијата, Собранието најдоца во рок од три дена од добивањето на барањето треба да одлучи, а за одземање на имунитетот на пратеникот потребно е просто мнозинство.





