Откако на виделина започнаа да излегуваат деталните резултати од анкетите за скопските општини дел од медиумите денеска координирано започнаа со кампања против кандидатурата на Јохан Тарчуловки за градоначалник на скопската општина Кисела Вода.
Главен аргумент според кој Тарчуловски, кој во анкетите неофицијално стои подобро од својот против кандидат, е дека тој бил осуденик на Хашкиот трибунал а Македонија како земја која ја ратификувала одлуката на ОН за формирање на судот ги прифаќа неговите одлуки како дел од својата легислатива.
Критичарите велат дека Тарчуловски не смеел да добие документ за неосудуваност затоа што веќе е осуден од институција чии одлуки се дел од македонското законодавство.
Истите тие што практично бараат власта да му ја одземе можноста на Тарчуловски да се кандидира за градоначалник не споменуваат дека Македонија во моментов има премиер што со добиена аболиција се спаси од судење за криминал а беше аболициран од страна на неговиот екс партиски лидер Бранко Црвенковски.
Во исто време критичарите забораваат и на спикерот на Парламентот Талат Џафери кој беше дел од терористичката организација ОНА која што според првите три „коминикеа“ се бореше за отцепување на „албанските територии“ и чии што соборци, силуваа, киднапираа луѓе и со нож им пишуваа на нивните грбови, врзуваа луѓе со бомби во Челопек и ги креваа во воздух и убиваа цивили во Тетовско.
На ред се експертите да го дадат конечниот збор за случајот Тарчуловски но тие што ја започнаа последната координирана кампања мора да знаат дека покрај правните аспекти во секоја политичка акција мора да ги земат предвид и моралните, хуманите и моралните аспекти на македонските жешки прашања.
Аболицијата на премиерот и учеството на Џафери во прекршување на човековите права и дезертерство од АРМ се доволна причина двајцата одамна да престанат да се занимаваат со политика а не пак да бидат на втората и третата по важност функции во државата. Се разбира тоа само ако имаат доблест и лични морални вредности.
И тие што ја туркаат кампањата против Тарчуловски ќе беа порелеванти во убедување на јавноста ако не ги игнорираа овие прашања кои што граѓаните не ги забораваат и за тоа ќе го кажат својот став на локалните и другите следни избори.





