„Сите наши капацитети се ставени во функција и се надевам ќе дадеме максимум од себе за да спасиме што повеќе животи на децата на кои што им се случила трагедијата“, изјави министерот за здравство, Арбан Таравари кој информираше дека досега 118 луѓе се згрижени во болниците во Кочани, Штип и Скопје.
Одговарајќи на новинарско прашање, Таравари посочи дека има доволно количини крвни единици, и посочи дека доколку има потреба од крвни деривати дека ќе биде соопштено на јавноста.






