Ќе настојуваме до крај да изнајдеме решение со Вреди, а ако не, тогаш имаме опција да одиме сами на избори“ – изјави лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари на почетокот на работата на партиското Собрание. Ова го објави ТВ Шења.
Телевизијата истакнува: Претседателот на АА Арбен Таравари на почетокот на работата на партиското Собрание рече дека се дел од коалицијата Вреди и оти до крај ќе се обидат да изнајдат решение. Тој рече дека за сите работи ќе се разговара внатре и оти ќе се донесе заеднички заклучок.
„Ќе се трудиме до крај заедно со Вреди да најдеме решение, а ако не, тогаш имаме опција сами да одиме на избори.“ – нагласи Таравари, додавајќи дека се сретнал пред четири дена со Изет Меџити, лидерот на Демократското движење, од коалицијата Вреди.






