Претседателскиот кандидат на коалицијата на опозициските партии на етничките Албанци ВРЕДИ (VLEN), на вчерашниот митинг во Струга се осврна на два големи, според него, проблеми.



„Ние како коалиција ВРЕДИ во идната влада веднаш ќе преземеме итни мерки за забрана на коцкањето во Северна Македонија како што тоа се случи на Косово, но и за забрана на работата на брзите кредити кои нанесуваат голема штета на буџетот на граѓаните.

Сериозно ќе им помогнеме и на граѓаните кои имаат долгови кон овие банки, овие долгови да ги покрие државата или владата“, рече Таравари.