Со доаѓањето на ВРЕДИ (VLEN) на власт, сите жртви на монтираните случаи ќе бидат ослободени и обештетени, најави претседателскиот кандидат на здружената опозиција на етничките Албанци.
Според него случаите „Монструм“, „Сопот“, „Бродец“, „Алфа“, „Диво Насеље“ и други, се имиња кои потсетувале на селективна правда која ги угнетувала Албанците.
„Овој систем на неправда го претвори Албанецот во парче месо, за политички пресметки или за туркање на шовинистичката агенда секогаш кога се загрозува нечија власт.
(…)
Јас како претседател на Републиката ќе преземам конкретни чекори за решавање на политички монтираните случаи и за враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем.
Со коалицијата ВРЕДИ, како врвен приоритет ќе имаме формирање на независно, ефективно и правично судство, каде никој нема да биде над законот и никој нема да биде потиснат поради националната припадност.
ВРЕДИ се обврзува за создавање на привремено тело на западни експерти, главно од европски земји, кои ќе бидат интегрирани во обвинителските и судските совети на с. Македонија со шестгодишен мандат. Ова тело ќе ја следи работата на домашните судии и обвинители. Но и самите ќе придонесат како судии и обвинители“, порача Таравари.





