Кандидатот за претседател на Македонија и актуелен градоначалник на Гостивар, вели дека не е забрането јавно да се користи името Македонија без „Република“ и „Северна“.
„Не е забрането кога зборуваме јавно. Често велам Македонија, ниту „Република“ ниту „Северна“.
Мислам дека г-ѓа Давкова се уште е во еуфорија на изборите. Мислам дека тоа не го направи свесно.
Тоа го направи подекларативно за да покаже дека има некаква доследност со изборната кампања“ рече синоќа Таравари во „Клик плус“ на ТВ21.





