„За 6, или 7 дена, ќе ѝ помине периодот на чувствени реакции на Вреди.“ – предвидува претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари. Тој додаде дека „постои и натаму можност за соработка за кандидатурите за претседатели на општини на локалните избори“. Во спротивно, според него „АА ќе разгледа и други можности за соработка“. Ова го објави ТВ 21.
Натаму телевизијата истакнува: „Реакциите се чувствени. Многу горчина. Ова покажува дека имале нешто во потсвест, поради што зборуваат вака. што ги натерало да даваат незрели изјави. Заедно со партиските органи во овој период ќе настојувам да бидам колку е можно повеќе трпелив, колку е можно посмирен и и колку е можно помудар.“ – изјави Таравари.
Но, сигналите, кои доаѓаат од поранешните коалициски партнери, не даваат надеж за соработка, туку укажуваат на барањето Алијансата за Албанците да биде отстранета од владата. Зеќирија Ибрахими, лидерот на Алтернатива, во рамки на коалицијата Вреди, напиша на фејсбук: „Малку ДУИ, малку Влада – не бидува доктор!“
По набројувањето на неколкуте досегашни тврдења на Таравари за „можностите за идна соработка“ Ибрахими заклучува дека „во сето ова само едно е точно – оти Таравари вели „ова не го направив, затоа што не ја сакав Вреди, туку бидејќи тоа го побараа од мене Али Ахмети и ДУИ.“
Што се однесува до ставот дали АА ќе остане во владата, или не, Таравари очекува да одлучи за тоа тој, што ја формира Владата – премиерот. Таравари смета дека ѝ е потребна АА на оваа влада, но додава дека не би имале проблем да ја напуштат.
„Владата ја формира премиерот, ако тој… Разговарав со премиерот, пак ќе разговараме, ако оцени дека АА не е потребна, тогаш нема да имаме никаков проблем. Но, АА е ѝ потребна на владата во овој момент. Но, ако донесат одлука да ја напуштиме, нема да има никаков проблем. За ова не може да каже никој друг, освен оној, што ја формира владата. Ќе видиме со премиерот ќе се чуеме, во комуникација сме, така што ќе видиме во следните денови.“ – посочи Таравари.
Околу пратеничката група на коалицијата Вреди претседателот на Собранието Африм Гаши кажа дека нема промена сега-засега во поглед на пратеничките групи и оти сите се такви какви што се од почетокот на овој парламентарен состав.






