Таравари: Фракцијата на Села во АА е многу блиску до настап со ДУИ на изборите, ќе го соопштат тоа идната недела

„Фракцијата на Зијадин Села во АА е многу блиску да оди со ДУИ на избори.“ – изјави лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари вчера од партискиот собир во Струга. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.



„Алмакос“ пишува: Таравари напомна дека дека очекува следната недела да биде објавен овој договор меѓу крилото на Села и ДУИ. „Активностите, кои ги презема фракцијата во Алијансата за Албанците се веќе многу блиски до ДУИ. Очекувам дека ќе го објават ова следната недела и оти ќе кажат образложение дека ги немаат партиските печати. Но, јас сум подготвен да им ги потпишам кандидатските листи за изборите, ако настапат сами и ако си ги измерат силите.“ – кажа Таравари, покрај другото.

По расколот во Алијансата за Албанците двете крила на оваа партија одржаа вонредни конгреси. Крилото на Зијадин Села го разреши Арбен Таравари од функцијата претседател на партијата. Крилото на Таравари го разреши Села од функцијата претседател на Централното собрание. Се очекува следната недела Основниот суд во Тетово да одлучи чија е оваа партија.