Таравари слави во Гостивар, Бејта му честиташе победа

Кандидатот за градоначалник за Гостивар од редовите на ДУИ, Невзат Бејта, на последната прес-конференција во седиштето на огранокот му ја честита победата на политичкиот противник во вториот круг од изборите, Арбен Таравари.
„Благодарам на поддршката, но мнозинството на граѓаните решија поинаку. Ние изгубивме и му ја честитам победата на мојот опонент – изјави Бејта како што пренесе вечерва ТВ21 – Ние како огранок ќе продолжиме со нашата политичка борба за идните генерации. Ние работевме за доброто на градот, но волјата на граѓаните беше поинаква и тие решија“.
Арбен Таравари во обраќањето пред малку кажа дека Гостивар, конечно е слободен.
Го победивме малиот диктатор во Гостивар. Отсега сите граѓани и сите етникуми ќе живеат слободно. Продолжуваме понатаму, на следните парламентарни избори ќе ги победиме ДУИ на ниво на државата, рече Таравари како што пренесе НоваТВ.