Коментирајќи ја последната изјава на премиерот Христијан Мицкоски за евроинтеграцискиот процес, министерот за здравство Арбен Таравари вели дека неговата Алијанса за Албанците, како и коалицијата „Вреди“, ќе инсистираат преговорите за членство во ЕУ да почнат што е можно поскоро, но тоа, според него, зависи од ВМРО-ДПМНЕ.
„Нормално, треба да имаме предвид дека уставните измени без најголемата македонска партија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, која има 58 пратеници, се невозможни. Ќе се обидуваме како и досега и ќе продолжиме да инсистираме за да овозможиме почеток на преговорите со Европската унија, бидејќи и понатаму мислиме дека за Македонија нема друга опција освен европскиот пат, што е најдоброто нешто за сите граѓани кои живеат и работат во РСМ“, изјави Таравари.






