Таравари: Предлагаме вршители на должност да ги водат Гостивар, Сарај и Аеродром до редовните локални избори

„Гостивар, Сарај и Аеродром нема да одат на предвремени локални избори, туку ќе ги водат вршители на должност до редовните локални избори следната година. Ова го потврди и Арбен Таравари од коалицијата Вреди, кој најави дека за ова прашање веќе се подготвени законски измени.“објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.



„Алфакс“ пишува: „Замислете да се прави кампања за кандидат за градоначалник за само десет месеци и да излезат 30, 50, 700 илјади граѓани да изберат градоначалник, кој ќе биде на таа функција само десет месеци. Со законските измени предлагаме решение, кое ќе претставува и намалување на трошоците. Се надевам дека ќе биде поддржано и од други партии решението, кое го предлагаме како Алијанса за Албанците“ – рече Таравари.