Министерот за здравство и еден од лидерите на Коалицијата ВРЕДИ синоќа во гостување на ТВ Телма, негираше дека побарал 40 отсто од градоначалниците на локалните избори да бидат од Алијанса за Албанците и истакна дека понудил две опции за листите на советници.
„Не е точно. Сум побарал листите за советници, за ВРЕДИ зборувам, да бидат посебни, чисто да мотивираме што повеќе луѓе.
Втора опција што сум побарал, трите партии од ВРЕДИ да бидат заедно, ние да бидеме посебно.
Чисто мислам дека ако ги ставиме сите партии на една листа ќе има револт .. и затоа мислам што повеќе имиња имаме на листите за советници, толку повеќе ќе има мотивација кај членовите да лобираат и да бидат активни на изборите“, рече Таравари.






