Кандидатот за претседател Арбен Таравари, синоќа од централниот собир на коаливијата ВРЕДИ во Берлин, ја повика албанската дијаспора да помогне за да се направат промени на политичката сцена во Македонија на 24 април и 8 мај.



„Немаше важен процес во с. Македонија што се одвиваше без дијаспората, почнувајќи од првото политичко движење.

Тетовскиот Универзитет беше невозможен проект без поддршка од дијаспората, исто така до формирањето на оваа партија која сега е на власт, како сега да сте обврзани од дијаспората да ја смените оваа партија.

Двапати се натпреварував во Гостивар и дојдоа значителен број од луѓе од диаспората. Тие го сензибилизираат населението и покажуваат колку е важно да се гласа за да се направи промена“, истакна Таравари.

Тој рече дека коалицијата „ВРЕДИ“ се приклучува на овие напори за да си ја заврши работата, а дојаспората ја повика да гласа за да дојде до политичката ротација што треба да се случи во Македонија.

На тој начин, рече, ќе се овозможи дел од неа да се врати да живее во Северна Македонија.

„24 април ќе биде клучот за големата парламентарна победа на 8 мај“ , порача Таравари кој со коалиционите парнери е на средби со дијаспората во Германија.