Министерот за здравство Арбен Таравари се надева на позитивен исход по вториот повик за поставување компресорски систем за операционите сали на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.



Хируршките сали сега работат, но не со полн капацитет, рече Таравари вечерва на Канал 5,

„, Министерството за здравство се обврза да направи втор повик, се надевам дека на вториот оглас ќе се јави фирма за што поскоро да ја поставиме целата инсталација“, рече министерот Таравари.

Тој изрази надеж за нов тендер за реновирање и нови простории, каде, како што додаде, ќе направат план за лекување на пациентите во другите болници и ќе инсистираат другите болници од периферијата, кои имаат услови, да не испраќаат пациенти во Скопје.
Во однос на чекањето на пациентите за операција, тој нагласи дека земјава има најкратко време на чекање.