„Али Ахмети ја прелеа чашата! Време е за оставка од политичкиот живот. Ова е изјава, што дојде по долга анализа и во која се бара оставка на лидерот на ДУИ Али Ахмети од политичкиот живот.“ – објави Арбен Таравари од Вреди преку општествените мрежи. Ова барање, според него, доаѓа по, како што пишува, злоупотребите на власта и богатењето на неговото семејство. Ова го објави ТВ 21.
Телевизијата ја пренесува објавата на Таравари, во која тој пишува: „Неговата кариера во политиката е толку долга колку што е мрачна и е на крајот, но… неговите очајни обиди да избега од правдата не треба да се дозволи ни најмалку да влијаат на пошироката јавност затоа што се опасни, срамни за албанската нација која воопшто не заслужува да се поистоветува со таква личност! Да функционираше политичкиот морал на Ахмети, тогаш тој требаше веќе да има поднесено оставка, откако куполата на неговата партија заврши во бегство и во моментов е меѓународен баран, но преголем луксуз е да се бара политичка совест од Ахмети. Во отсуство на морална и принципиелна чувствителност, бараме Али Ахмети без спорење да поднесе оставка како обврска што ја има кон Албанците и народот на оваа земја за неговите дела и несреќи.“
„Еве ги главните аргументи кои ја прават оваа оставка итна:
1. Злоупотреба на власта што доведува до нечесно богатење на него и на членовите на неговото семејство;
2. Со децении држење на народот во заложништво со формулата „кај нас – вработен си, против нас – уништен“ или заминеш во печалба;
3. Водач на политичка група, кој во моментов е обвинет за тешки корупциски злосторства;
4. Близок соработник со повеќе лица, кои се меѓународно барани;
5. Драматична штета по животот на луѓето, особено на Албанците…“
„Затоа, оставката на Ахмети е акција која е одамна задоцнета колку што е потребна затоа што тој не може да жртвува повеќе Албанци за да се заштити од бездната во која падна! Ниту самата ДУИ не заслужува повеќе да ја претставува таков човек кој има долгогодишен скор со правдата и вечен проблем со историјата! Овој човек кој нѐ сметаше како овци, кој 23 години се збогати на сметка на народот, сега треба да разбере дека можеби тој е овчарот, но ние не сме овци! Оставка! Ти си Ахмети непожелна личност – персона нон грата за Албанците! Ние не сме ти! Кога јас би го парафразирал Виктор Иго, би рекол: Кога злобата на еден политичар кон народот е факт, неговата оставка е правда!“ – објави Арбен Таравари од Вреди на општествените мрежи.





