Таравари: Никогаш не сум бил лаком за власт, политиката не треба да биде средство за лично удопство, туку служба за народот

Претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари преку објава на фејсбук порача дека „никогаш не чувствувал лакомост за власта“, иако признава дека „е тешко да ѝ се одолее“. Тој истакна дека за него „политиката секогаш била и ќе остане едноставна формула: што правиме за народот, а не што правиме за себе и за тесниот круг околу нас“. Ова го објави ТВ Алсат.

Натаму телевизијата истакнува: „Ова беше системот, што ја парализираше нашата заедница и затоа категорично не смееме да го повториме.“ – напиша Таравари, додавајќи дека „проблемите во системот не се само прашање на имиња, туку на групации и менталитети“.

Тој апелира за „суштинска промена во политичкиот пристап“ и ја нагласува „опасноста од неуспехот да се направи таа промена“, нагласувајќи: „Можеме да останеме со истите имиња, но мора да го смениме менталитетот, инаку повторно ќе паднеме во кругот на незаслужени придобивки, што поедноставено значи: ќе го потпираме нашиот грбник врз грбникот на народот.“