„Поминаа 6 месеци, а коалицијата Вреди не го исполни ветувањето за уставни измени и деблокирање на евроинтегративните процеси, обвинуваат албанските опозициски партии. Според ДУИ, Вреди манипулира, а во меѓувреме истече рокот од 6 месеци за преиспитување на нивното учество во владата.“ – објави ТВ 21 во својата информација со наслов „Поминаа 6 месеци, нема уставни промени / Таравари: Треба да седнеме со челниците на Вреди и да одлучиме што понатаму“.
Во информацијата телевизијата натаму истакнува: Оставка и предвремени парламентарни избори побараа и од крилото на Зијадин Села во Алијансата за Албанците. Министерот Арбен Таравари рече дека лидерите на партиите од коалицијата Вреди треба да седнат и да утврдат стратегија како натаму.
ВМРО-ДПМНЕ не се согласува да се отвори Уставот без гаранција дека во иднина нема да има нови блокади.





