Арбен Таравари вчера повика на отворање на широка дебата меѓу експертите и политичките партии за потребата од уставни промени во Македонија.



Тој тврди дека Уставот од 1991 година бил изгласан од македонските пратеници, кој не бил прифатен од Албанците.

Во 2001 година со Охридскиот договор беа направени дополнувања на Уставот за да се решат дел од грижите на албанската заедница, пренесува Telegrafi

Тој пак повтори дека и претседателот на државата бил со таква идеја пред 6 месеци.

„Ги поддржувам зборовите на Пендаровски дека на С. Македонија и треба нов устав“, вели Таравари.