Економски директор во Министерството за здравство е сосема непотребна позиција со која ДУИ ги „честеше“ своите луѓе, реагира министерот за здравство Арбен Таравари откако Коалицијата „Европски фронт“, предводена од ДУИ на прес-конференција реагираше дека тој врши притисок врз организациските директори за да се повлечат.
-Во последно време одредени луѓе во Министерството за здравство по налог на министерот Арбен Таравари вршат психолошки и институционален притисок до ниво на закани врз организациските директори, но и медицинските директори на клиниките иако имаат мандат, да се повлечат од функцијата и нивната должност – обвини на денешната прес-конференција пратеничката на „Европскиот фронт“ Рина Ајдари.
Во реакција на Таравари на прес-конференцијата на „Европскиот фронт“, се додава дека на ДУИ и требаат две работи – добар адвокатски тим да се брани од обвиненијата што и се подготвуваат и да сфати дека барем сега кога е во опозиција мора да го смени нејзиниот коруптивен менталитет.
Значи ДУИ и замери на Владата што штеди пари на граѓаните и ги раскинува коруптивните врски изградени од ДУИ – додава министерот.





