Министерот за здравство најави нов тендер за компресорски систем за Клиничкиот центар. Ова следува откако на последната седница на Влада помина информацијата за компресорска станица во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Ако повторно нема понуди, тој рече дека ќе одат со директно договарање со компанија која може да инсталира нова станица за компримиран воздух и да се нормализира работа во операционите сали,
Откако ниту една фирма не се јави на првиот јавен повик објавен од заеднички служби, обврската ја презеде министерството за здравство.
Ќе одиме преку јавна набавка да биде што потранспарентно и бараме рокови што поскоро да завршат. Ќе ставиме можеби услов тоа да заврши за три до четири месеци максимум. Меѓутоа, не можам да кажам со сигурност дека ќе се пријави или нема да се пријави. Ако не се пријави тогаш ќе одиме на опција да побараме некој којшто може да го работи и да се договориме директно Министерството со изведувачот, изјави Арбен Таравари, министер за здравство





