Таравари му препиша одмор на Ахмети

Министерот за здравство Таравари му порача на лидерот на ДУИ Али Ахмети да биде конструктивен и да се одмори во опозиција.



– Господин Ахмети вчера кажал дека ние од „Вреди“ имаме голем апетит за да бидеме во власта. Јас би му кажал на господин Ахмети дека е возрасен човек, за мене и сериозен човек којшто 22-23 години е на власт, сега му треба малку одмор. Му посакувам здравје пред сѐ, а после тоа и конструктивност како опозиционер. Се надевам дека овој период ќе се обиде да ја консолидира партијата, да расчисти одредени кадри коишто му се веќе кородирани. 22 години да бидеш на власт, со луѓе коишто се вртат од една институција во друга е сосема, доволно. Првиот тест ќе го имаме во 2025 година, тука се локалните избори, така што, нема што друго да кажам освен да му посакам убаво и мирно опозиционерство – одговори министерот на новинарско прашање.