„Арбен Таравари од коалицијата Вреди е оптимист дека пред Новата година земјата ќе ги реализира уставните измени за внесување на Бугарите во уставот, измени кои се очекува да го деблокираат евроинтегративниот пат на земјата.“ – објави ТВ 21. „Ќе има уставни измени, мислам. Јас сум многу оптимист дека до Новата година ќе изнајдеме можности за уставните измени.“ – нагласи Арбен Тарвари за време на денешниот конгрес на неговото крило во Алијансата за Албанците.
Запрашан во врска со постојаното барање на ДУИ за предвремени парламентарни избори, кои би се одржале заедно со локалните избори во октомври 2025 година, Таравари одговори дека нема да има проблем за тоа, ако се создаде консензус во политичките партии. Како што напомна тој, „ќе има интересни настани и треба да се причека да се види дали политичките партии ќе бараат избори по Новата година“.
„Во принцип, нема никаков проблем околу изборите, но ние веќе ги имавме само пред пет месеци. Избори ќе имаме и наредната дина, но тоа се локални избори. Нема ништо убедливо да се смени, ако би имале избори и денес. Ќе има интересни настани во овој период, да му препуштиме на времето и да видиме дали партиите ќе вбараат повторно избори по Новата година.“ – рече Арбен Таравари од Вреди.
Тој укажа укажа дека денешниот конгрес на Алијансата за Албанците е „конгрес на консолидирање на партијата“. Тој додаде дека се очекува денес да се избере Централно собрание на партијата, кој ќе треба да го избере и нејзиното претседателство. „Врз основа на зачленувањата, што ги извршивме, сега Алијансата за Албанците има од 11 илјади до 12 илјади членови.“ – посочи Таравари.





