Таравари: Мицкоски со право бара одредени услови за уставните промени

 

Без согласност од ВМРО-ДПМНЕ не можат да се случат Уставни промени, истакна министерот за здравство Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање.



Лидерот на Алијанса на Албанците (која е дел од коалицијата ВРЕДИ) рече дека премиерот Христијан Мицкоски со право има одредени услови кои што ги бара за да се случат Уставните промени и мислам дека сосема е во право за тоа.

„Треба да видиме кои се можни опции за да се помогне овој процес од сите страни, за да Македонија што побрзо ги започне преговорите со Европската Унија“, вели Таравари.

Напомена и дека Алијанса за Албанците не излегува од Влада.

„Не планираме такво нешто“, подвлече Таравари, пренесе Курир.