Претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари смета дека сегашниот Устав има недостатоци и не ја претставува реалноста во државата.



„Убедени сме дека сегашниот Устав е дефицитарен, ограничен и во многу делови од него не ја претставува денешната политичка, социјална и етничка реалност во државата“.

Смета дека промената на сегашниот Устав е неопходнасо што ќе следува и почеток на преговори со ЕУ.

„Ќе започнеме голема дебата и ќе изградиме консензус за нов, подемократски и помодерен Устав, кој ќе ја редефинира државата како рамноправна држава на две мнозински заедници“, рече Таравари.