Поранешниот градоначалник на општина Гостивар, Арбен Таравари ги демантираше обвинувањата на ДУИ дека општина Гостивар има долг од 100 милиони евра.



Тој рече дека долгот на општината е 7-8 милиони евра.

„Не е точно дека се 100 милиони, сите јавни претпријатија во Македонија имаат 100 милиони евра, односно долгот на Општинското претпријатие Гостивар е околу 7 или 8 милиони евра, не верувам дека има повеќе, но тие се и долгови кои се наследени од времето пред да станам градоначалник.

100 милиони евра не се логични, истото сакам да го демантирам, но има тенденции, особено од ДУИ, да прикажува спектакуларни вести“, рече Таравари.