Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател на на државата, Арбен Таравари, изјави дека изборите на 8 мај се историски и по 22 години Албанците ќе ја сменат власта.



Сигурен сум дека на 8 мај промената ќе се случи и на 9 мај ќе го славиме Денот на Европа“, изјави Таравари за телевизијата „Сири“.

Таравари рече дека неговата идеја отсекогаш била да донесе промени кај македонските Албанци и дека Албанците од 2011 година гласаат против ДУИ.

„Во 2011 година во Македонија имаше три опозициски партии, додека Али Ахмети беше со партијата што беше на власт. Ако се соберат гласовите на трите албански опозициски партии, тие имале повеќе гласови од ДУИ“.

Според него истото било и на изборите во 2016-та и во 2020-та.

Но сега, споре Таравари, „чудото е веќе постигнато“ бидејќи сите албански зициски политички партии се обединија во опозиција наречена VLEN (ВРЕДИ) и тоа ќе ја донесе промената на 8 мај.