Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека немал точни информации за барањето на ВМРО-ДПМНЕ за одговорност на судијата Пајазит Пајазити.
На прашањето дали ВРЕДИ како коалиција се придружува на барањето на нивниот коалициски партнер, Таравари рече дека нема прецизни информации за што се работи, пренесе Телеграфи.
„Немам точни информации за што се работи, но без разлика на името, кој не постапил како што треба, треба да одговара.
Немам точни информации за конкретниот случај, кога ќе ги имам ќе имаме став како коалиција ВРЕДИ“, рече Таравари.
ВМРО-ДПМНЕ: Судијата Пајазити да одговара оти му дозволи на Блерим Рамадан да избега
Барањето одговорност од страна на судијата Пајазити е поради неговата одлука да му го отстрани активниот притвор на припадникот на ОВК Блерим Рамадани и да му определи мерка куќен притвор, по што уапсениот избега од државата.






