Кандидатот за претседател на Коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, верува дека има реални шанси да влезе во вториот круг од претседателските избори и се надева на поддршка не само од албанскиот гласач, туку и од другите етнички заедници.
„Мислам дека во Македонија е добро да се случи еднаш претседател на државата да биде од друга етничка заедница, иако реално мислам дека се уште не се созреани условите да гласаме за личност. Генерално, тука луѓето се многу партизирани иако на претседателски и локални избори повеќето граѓани гласаат за личноста, а не за партијата“, вели Таравари во интервју за МИА.
Иако генерално очекува гласови од етничките албански гласач, тој вели дека очекува добра поддршка и од македонскиот гласач, од бошњачкиот гласач, турскиот гласач…
Знам дека тие што се партиски луѓе гласаат за партијата, меѓутоа 40 проценти од луѓето не се во партија и тие се уште се неопределени и таргетот секогаш е кај луѓето што не се определени и тие одлучуваат кој ќе победи, посочува Таравари.






