Mинистерот за здравство Арбен Таравари најави дека во наредните десетина дена се очекува донација 11.000 илјади вакцини против ковид-19.



Најавата од министерот доаѓа откако изминатиот период се регистрирани зголемен број на позитивни случаи на вирусот.

„За другите вакцини со Европската комисија се води набавка за сите држави во ЕУ, а Македонија е во тој пакет.

Колку што имам информации тоа е во финална фаза и наскоро ќе бидат снабдени сите европски држави со вакцини за инфлуенца и за ковид“, изјави Таравари.

Минатата недела, поради зголемениот број на позитивни случаи на ковид-19, Комисијата за заразни болести повика граѓаните да се придржуваат до општите мерки за превенција од респираторни инфекции: да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце и избегнување близок контакт со заболени лица.